Кај местото викано Осој, во атарот на селото Чајлане, во близина на патот кон Националниот парк „Јасен“, вчера попладне, полициски службеници пронашле човечки труп во распаѓање. Местото веднаш било обезбедено, а денеска, уште од утринските часови, јавен обвинител започнал со вршење увид.
По наредба на обвинителот, телото било откопано и било предадено за обдукција во Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а биле обезбедени и траги кои дополнително ќе се вештачат.
„Ќе се прават и други проверки за да се утврди идентитетот на лицето, причините за смртта и причините заради кои телото било закопано на таа локација“, се вели во штурото соопштение на обвинителствтото.
Спонзорирано