Италијански државјанин осомничен за серија разбојништва

1215

Кривична истрага е отворена за 30-годишен државјанин на Италија за сторени четири кривични дела -разбојништво.
Како што потврдуваат од скопското обвинителство, разбојникот, инаку со времен жител на Скопје, серијата разбојништва ја започнал на 6. овој месец кога во книжарница, на булеварот „Партизански одреди“, со нож се заканил на вработената. Исплашена за својот живот, оштетената од касата на книжарницата извадила 9.500 денари кои му ги дала на осомничениот, кој потоа избегал. Истиот ден, на улица „Московска“, сега осомичениот, во аптека и се заканил на вработената со нож и ги побарал парите од касата, но таа започнала да вика и го стиснала паник-тастерот. Во тој момент осомничениот избегал. Три дена подоцна, заканувајќи им се со нож на вработените во продавница за играчки, на булеварот „Партизански одреди“, осомничениот одзел 2.000 денари.
Пред само пет дена, во маркет на улица „Букурешка“, под закана со нож, одзел 10.600 денари и избегал, а во понеделнико, од бутик за долна облека одзел уште 6.525 денари.
Судија на претходна постапка на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.​

Спонзорирано