ИСТРАГА ЗА ЛИЦЕ КОЕ УКРАДЕ „БМВ“ И СО БОКСИРАЧ НАПАДНА ТРОЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ

426

Основното јавно обвинителство – Скопје поведе постапка против 29-годишен скопјанец поради основано сомнение дека ги сторил кривичните дела: тешка кражба и напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.
Сега осомничениот, вчера, во 22.15 часот, спроти Трговскот центар „Мавровка“ во Скопје, ги забележал двете лица, оштетениот и неговата сопруга, како го паркираат нивното возилото марка „БМВ Х 5“ по што се оддалечуваат. Во тој момент, осомничениот со калауз ја отклучил заклучената врата на возилото и заедно со уште едно засега непознато женско лице го стартувал возилото и започнал да се движи. Кога се приближил до првата раскрсница бил забележан од сопственикот на возилото. Оштетените започнале да трчаат по возилото, го престигнале и се обиделе да го сопрат осомничениот, но и покрај обидите и вклученото црвено светло на семафорот, осомничениот продолжил со возилото во непознат правец.
По пријава на кривичниот настан, полицијата веднаш презела мерки за пронаоѓање на возилото. Откако добиле сознание дека осомничениот, заедно со украденото возило, е во населбата Маџари, двајца полициски службеници со службено возило се упатиле кон него. Тие го пресретнале, а потоа се обиделе да го попречат натамошното движење. Во акцијата се придружило уште едно службено лице, но и покрај дејствијата преземени од полициските службеници, осомничениот со возилото во движење удрил во полициско возило, а потоа со боксирач со бодеж, да ги нападне тројцата полицајци и да им нанесе телесни повреди. Во полициската акција, осомничениот бил совладан и приведен со цел обезбедување на натамошниот тек на кривичната постапка.
Надлежниот јавен обвинител, со наредбата за спроведување истражна постапка, до скопскиот кривичен суд доставил и предлог за определување на мерката притвор за осомничениот, бидејќи проценил дека постои опасност од негово бегство или да го повтори кривичното дело, како и дека постои оправдан страв дека ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци.
Предлогот на јавниот обвинител е прифатен од Судија на претходна постапка кој со решение му определил притвор во траење од 30 дена.​