Отворена истрага за разбојништвото во казиното „Адмирал“

    442

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје отвори истрага за две лица, за кривично дело, односно за настанот кој пред три дена се случи во казиното „Адмирал“, улица „12 Македонска Бригада“. Еден од осомничените, на возраст од 22 години, на 20. овој месец, околу 22 часот, со уште едно засега непознато лице, со пиштоли им се заканиле на двајца вработени во казиното „Адмирал“. Маскирани со „фантомки“ разбојниците влегле од задната врата на казиното, а заминале со плен, односно со 126.161 денари. Второосомничениот, 19-годишен скопјанец, ги чекал двајцата сторители во возило ( марка „Ауди А5“), но кога осомничените излегле од казиното тие биле пресретнати од овластени службени лица по што се дале во бегство.
    Јавниот обвинител до судија на претходна постапка, во Основниот кривичен суд Скопје 1 – Скопје, доставил предлог за определување на мерката притвор за првоосомничениот и мерки на претпазливост за второосомниченото лице. Предлогот на обвинителството е прифатен од судот, со тоа што на осомничениот кој се гони за соизвршителство му е определен притвор во траење од 30 дена, а на осомничениот кој помогнал во вршењето на кривичното дело му се определени мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште, повремено јавување пред службено лице и одземање на патна исправа.

    Спонзорирано