Истрага за двајца албански државјани за 25 грама кокаин

    1040

    Гостиварското обвинителство отвори истрага за двајца албански државјани за кривично дело: неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
    „Осомничените, албански државјани, на возраст од 21 и 43 години, вчера вечер, во 22.40 часот, на регионалниот пат Дебар – Маврови Анови, во близина на ‘Ростушко анче’, во нивното возило ‘фолксфаген туарег’, со албански регистарски ознаки, превезувале 25 грама кокаин. Дрогата била пронајдена при претрес од страна на полициски слижбеници, по што лицата биле задржани во полициска станица и за нив по документирање на случајот поднесена е кривична пријава во Основното јавно обвинителство Гостивар“, се вели во соопштението на обвинителството кое наведува дека за осомничените поднело барање за изрекување мерка притвор.

    Спонзорирано