Катица Јанева наредила на „форензичко бришење“ на компјутерите во СЈО

    1694

    Како што пишува „360 Степени“ се работи за усна нареба која се однесува на сите компјутери во СЈО

    Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, според пишување на „360 Степени“, од лицата кои работат во ИТ-секторот побарала да спроведат „форензичко бришење“ на сите компјутери во Специјалното јавно обвинителство.
    Од „360 Степени“ наведуваат дека оваа информација ја добиле од сопствен извор во СЈО, дека наредбата била усна и дека веќе биле преземени одредени активности во насока на нејзина реализација.
    Ова барање на податоци од комјутерите доаѓа во време кога Јанева е шефица во оставка, односно во време на случување на кривично-правниот настан наречен „Рекет“ кој, всушност, претставува скандал во делувањето на СЈО, односно на Катица Јанева, за која не се исклучува и можноста да се најде на листата на осомничени.
    Од „360 Степение“ наведуваат дека со „форензичкото бришење“ нема да бидат загрозени документите коишто се во компјутерскиот систем на СЈО, но ќе ги избрише податоците за тоа „на кој компјутер, во кое време, од кое лице, што било работено“.
    Колегите од „360 Степени“ побарале од СЈО одговор на прашањето: зошто се пристапило кон „форензичко бришење“ на одредени податоци, но не добиле одговор, иако им било кажано дека барање за бришење, од Јанева, доаѓа првпат од формирањето на СЈО.
    За „360 Степени“ индикативни се два момента: излегувањето од притвор на осомничените во предметот „Империја“, односно замена за куќен притвор, а по добиена согласност од СЈО и едно интервју на Катица Јанева ( дадена токму на телевизијата со која газдуваше сега притворениот Боки 13) дека ќе има спогодби со осомнични и обвинети лица. Алузијата на ваков еден предмет паѓа на сличајот „Рекет“ каде Орце Камчев, за осум милиони ерва требало да „избоксува“ прекин на кривичниот прогон.

    Спонзорирано