И татко му на Боки 13 не чувствува вина за измамите

1648

И татко му на Боки 13, Миле Јовановски, не знае зошто е осомничен и поради тоа тој не чувствува вина за сето она што се случувало во невладината организација на чие чело е неговиот син.
По напуштање на кривичниот суд, каде денеска даваше одбрана откако вчера беше осомничен од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, тој изјави дека е невин, бидејќи не присуствувал на состаноците на кои се говорело за изградба на домови за стари лица.
Миле Јовановски, освен што е дел од „Меѓународен сојуз“ тој е и директор на сега пропаднатата „1ТВ“.
Пред Миле Јовановски судот го наушти пратеничката Фросина Ременски која, исто така, негираше нејзина вина во случајот кој и формално од вчера е отворен.

Спонзорирано