Судот и го одзеде пасошот и на пратеничката Фросина Ременски

    1769

    Скопскиот кривичен суд, попладнево ги образложи одлуките кои беа донесени, а коишто се однесуваат на новоосомничените во предметот во кој повторно се јавува Бојан Јовановски викан Боки 13.
    Имено, постапувајќи по предлог на Основнот јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за претпазливост за три лица, а по претходно доставени покани, лицата во текот на денешниот ден, пред судија на претходна постапка се произнесоа во однос на предлогот. Судот, имајќи ги в предвид фактите и доказите, како и исказите на осомничените, судија на претходна постапка донел решенија со кои на осомничените Фроисина Ташевска Ременски и Миле Јовановски, им изрекол мерки: забрана зе напуштање на живеалиште односно престојувалиште и јавување пред службено лице во судот и времено одземање на патната и друга исправа, а на осомничената Христина Блажевска само и се одзема пасошот.
    Од судот потсетуваат дека и двете страни во оваа постапка имаат право на жалба пред Кривичниот совет на кривичниот суд.

    Спонзорирано