Само кратко време по појавувањето на Антонио Милошоски во Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, група граѓани, до истото обвинителство со бараење коешто се однесува токму на споменатиот. Имено, граѓаните бараат од обвинителката Вилма Русковска да го преиспита однесувањето на Милошоски за време на упадот на стотици граѓани во републичкото Собрание и бруталното претепување на пратениците на СДСМ кои, заклучно со 27. април, беа опозиција. Поднесителите ценат дека со досегашните обвиненија и пресуди не се опфатени и други лица кои имале активна улога во настаните, а меѓу кои е и сега веќе поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски. На ваквите нивни укажувања се надоврзува и изјавата која што од собраниска говорница ја даде незавиосниот пратеник Крсто Мукоски кој кажа дека Милошоски ја насочувал толпата, а којашто требало да го пронајде лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој веројатно требало да биде ликвидиран.
Граѓани бараат обвинителството да провери што правел Антонио Милошоски на 27. април
Спонзорирано