Антонио Милошоски ја предаде аудио снимката во обвинителството

1027

Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска, на негово барање, обвинителката Вилма Русковска го прими пратеникот Антонио Милошоски. Повод за средбата е барањето на Милошоски да достави аудио снимка за која, како што велат од обвинителството, по нејзиното преслушување и анализа ќе следи и јавнообвинителска одлука во насока на нејзино натамошно користење.
Антонио Милошоски, од собраниска говорница, откако ја репродуцираше, кажа дека снимката ја добил од укажувач, дека на нема може да се препознае гласот на екс-премиерот Зоран Заев. Поранешниот пратеник, но и осомничен во еден од предметите што ги водеше Специјсалното јавно обвинителство, Антонио Милошоски кажа дека му било ветено дека снимката може да се искористио во предметот кој се однесува на невладината организација на Бојан Јовановски викан Боки 13.

Милошоски е задоволен од средбата со обвинителката Рудковска, но тој очекува Заев да биде повикан да даде исказ, бидејќи, според него, тој знаел дека финансирањето на било криминално.
Какло што е веќе познато токму Зоран заев, од позиција на премиер на Влада, потврди дека тој во обвинителството го пријавил случајот наречен „Рекет“, бидејќи проценил дека е можно да постои случај на корупција.

Спонзорирано