Ефективни 3,6 години затвор за Владимир Панчевски!

3330

Три години и шест месеци затвор, вечерва, му е изречен на Владимир Панчевски за сторени злоупотреби на системот АКМИС во време додека тој шефуваше со скопскиот кривичен суд.

Пресудата, како што информира „Телма“, судот ја изрече вечерва во 20,30 часот, односно по повеќечасовно судење на кое освен сведоци на Панчевски му беа презентирани сите предмети коишто тој им ги делел на рака на судиите што тој ги избирал, притоа заобиколувајќи го АКМИС системот.

На изрекувањето на првостепената пресуда му претходеше и давање нс завршен збор во кој обвинетиот кажа дека јавниот обвинител не бил запознат дека, наводно, имало грешка во системот.

Инаку на пресудата и претходеше изрекување на мерка притвор и потерница по Панчевски, бидејќи тој цела година одбиваше да прими покана за судење. Судијката Валентина Ѓорѓиевска, на рочиште одржано на 10. минатиот месец, донесе решение за притворање на обвинетиот заради негово обезбедување, но тој уште пет дена ја заобиколуваше правдата, а потоа, на 15. јули, се појави пред вратите на затворот „Скопје“.

Сега осудениот, а по спроведена редовна постаопка за утврдување на евентуални злоупотреби, се најде на удар на правдата, бидејќи успела на рака да подели 50-тина судски предмети.

Ароганцијата на Владимир Панчевски, за кој „Правосудство“ ексклузивно објави дека уште како малолетник вршел провални кражби по станови во центарот на Скопје, не се огледува само во неговата политичка определеност, туку и кон државни функционери, кон судии и пред се кон новинари.

Спонзорирано