Жител на Дебреште вршел обљуби врз девојче

    741

    Жител на прилепското село Дебрешете, на возраст од 25 години, е осомничен за, продолжено кривично дело: полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

    Како што информираат од обвинителствтото сега осомничениот, од април 2020 година до 20. минатиот месец, во атарите на селата Лажани и Дебреште, но и во Прилеп, вршел обљуба врз девојче за кое знаел дека нема наполнето 14 години.

    Имено, тој со девојчето остварил контакт преку социјална мрежа и, во април, се договориле да се сретнат пред портата од дворното место во куќата каде живеела оштетената. Кога пристигнал, тој побарал од неа да влезе во возилото на совозачкото седиште, со уцена дека доколку не го стори тоа во јавноста ќе пуштел фотографија која оштетената му ја испратила претходно на социјалната мрежа Фејсбук.

    Детето влегло во возилото, по што тој ја однел на друга локација каде извршил обљуба врз неа, иако таа за цело време давала активен отпор.

    На 18 минатиот месец, повторно со уцена, осомничениот ја принудил оштетената да влезе во возилото, и заедно заминале во Дебртеште, односно во неговиот дом, каде се задржале се до моментот кога добиле сознание дека, по барање на родителите на девојчето, доаѓа полицијата, која, пак, имала наредба од тамошното обвинителство да го врати девојчето дома.

    Тој, со возилото на неговиот брат, а придржуван од девојчето, ја напуштил куќата, а потоа се уатиле кон неговата куќа во Прилеп и каде повторно извршил обљуба. Два дена подоцна, криејќи се од полицијата, осомничениот ја донел оштетената во стариот дел од куќата каде што живеел во Дебреште и повторно без согласност на оштетената, извршил обљуба врз неа.

    За осомничениот, по барање на обвинителствтото, судија на претходна постапка определил мерка притвор во траење од 30 дена.​

    Спонзорирано