ДВАЈЦА ОБВИНЕТИ ЗА НАСИЛСТВО ВО ЛОКАЛ ВО ДРАЧЕВО

1620

Основното јавно обвинителство – Скопје до скопскиот Кривичен суд поднело обвинителен акт за две лица кои се товарат за кривично дело: насилство, согласно член 386 став 6 а во врска со став 3 и со став 1 од Кривичниот законик.
Лицата, чии што имиња не се објавени иако се работи за обвинети, на седми октомври минатата година, во угостителски објект, во населбата Драчево, во група, но со умисла, извршиле грубо насилство и повредиле две лица. „Откако критичната вечер обвинетите дошле како гости во локалот, најпрвин започнале вербална расправија со оштетените, која потоа прераснала во тепачка. Еден од обвинетите со употреба на нож им нанел тешки телесни повреди во вид на убодни рани на двајцата оштетени“, се вели во скудното соопштение на Обвинителството и притоа се наведува дека настанот се одвивал пред повеќе гости во локалот.
За сега обвинетите на сила се мерки на претпазливост определени од Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1.

Спонзорирано