Двајца обвинети за изнуда и лихварство

    2714

    За давање пари под камата и за искажани асериозни закани, скопското јавно обвинителство обвини две лица, со тоа што за првообвинетиот е поднесен обвинителен акт кој го мтовари за изнуда, а за второобвинетиот е поднесен обвинителен предлог за кривично дело – лихварство. Како што информираат од обвинителството, второбвинетиот, на почетокот на 2019 година, дал пари под камата која му овозможила несразмерна имотна корист. Имено, тој ја искористил тешката имотна состојба, недоволното искуство и лекомисленоста на сега оштетениот, па му позајмил 20.000 евра со каматна стапка од 10 отсто на месечно ниво. Парите кои ги земал оштетениот му биле потребни за да намири семејни долгови на неговиот татко. Посредник за зајмувањето и примањето на парите бил сега првообвинетиот. Оштетениот не можел да го испочитува договореното, по што уследиле закани упатени кон него и кон неговата мајка. Имено, од негом се барало да исплати долг во висина од 120.000 евра или шест пати повеќе од сумата која што ја позајмил. Исплашена за животот на нејзиниот син, мајката се сретнала со првиот обвинет во кафуле во еден трговски центар во Скопје и му предала 60.000 денари. Откако ги зел парите, тој веднаш бил лишен од слобода од страна на полициските службеници.
    Освен обвининија до кривичниот суд е доставиен и предлог за продолжување на мерката куќен притвор за првообвинетиот, поради опасност од бегство, но и оправдан страв дека тој би можел да го повтори делото, со оглед на тоа што неговите односи со оштетените се уште не се расчистени. Тој и во исказот што го дал пред јавен обвинител инсистирал оштетените да ги вратат парите со договорената камата.
    За второбвинетиот на сила остануваат мерките на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште, обврска да се јавува повремено кај службено лице во судот, времено одземање на патната или друга исправа за поминување на државната граница и забрана за издавање нова, како и забрана за приближување и одржување контакт со оштетените.

    Спонзорирано