Контролори во ФЗО ќе одговараат за примање поткуп

    3095

    Двајца вработени во Фондот за здравствено осигурување скопскоро Јавно обвинителство ги товари дека, како соизвршители, сториле кривично дело примање поткуп.
    Според навбодите на веќе поднесеното обвинњние, на 23. декември минатата година, во ресторан на булеварот „Филип Втори Македонски“, во Скопје, сега обвинетите, како службени лица – контролори во Фондот за здравствено осигурување – Подрачна единица Скопје, примиле поткуп од 30.000 денари, од сопственик на приватна здравствена установа.
    На примањето поткуп му претходела контрола на здравствената установа, која се реализирала меѓу 16 и 19. декември. По извршената контрола била сочинет записник во кој биле констатирани неправилности при изготвување на образец за привремена спреченост за работа на еден пациент на кој оштетениот му бил матичен лекар.
    „По изготвувањето на записникот, една од обвинетите понудила да не биде изречена санкција за контролираното правно лице, а за возврат побарала парична награда – поткуп, во износ од 30.000 денари. Од тој износ по 10.000 денари биле наменети за неа и за нејзиниот колега, како и за уште едно засега непознато лице, исто така контролор во Фондот за здравствено осигурување“, потврдуваат од Обвинитрлствбтото и појаснуваат дека другиот обвинет, неколку пати, телефонски контактирал со соственикот на приватната здравствена установа, а во разговорите тој го потсетувал дека треба да даде пари за да не трпи последици неговата ординација. Тој го договорил времето и местото на средбата, во ресторанот во кој требало да се изврши примопредавањето на парите.
    Инаку, освен обвинение за овие две лица е побарано да им биде родолжена и мерката притвор поради опасност од бегство, но и поради опасност да го повторат делото.

    Спонзорирано