Државјанин на БиХ обвинет за семејно насилство

    316

    Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог за едно лице за сторени кривични дела: телесна повреда и противправно лишување од слобода.
    Обвинетиот, инаку државјанин на Босна и Херцеговина, при вршење семејно насилство телесно ја повредил и противправно ја држел затворена оштетената со која живеел во вонбрачна заедница, во Кралството Шведска.
    Обвинетиот и оштетената, овој месец, дошле во државава за да склучат брак. Земале стан под закуп и во него, на 23. овој месец, околу 23 часот, ја заклучил оштетената, а потоа го фрлил клучот, а и ги одзел и мобилните телефони. По ова тој започнал да ја удира и турка оштетената. Малтретирањето траело се до 5.30 часот. Оштетената се здобила со видливи повреди по телото.

    Спонзорирано