СУДЕЊЕТО ЗА НЕЛЕГАЛНОТО ФИНАНСИРАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ НИКАКО ДА ПОЧНЕ

325

-СУДСКИОТ ПРОЦЕС КОЈ СЕ ОДНЕСУВА НА НЕЗАКОНСКОТО ФИНАНСИРАЊЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ТРЕБАШЕ ДА ПОЧНЕ УШТЕ КОН СРЕДИНАТА НА ФЕВРУАРИ, НО ОТТОГАШ СТАРТОТ ПРЕТРЕПЕ НЕКОЛКУ ОДЛОЖУВАЊА

-СУДИЈАТА ОСМАН ШАБАНИ УШТЕ ПРЕД НЕКОЛКУ МЕСЕЦИ КАЖА ДЕКА СТАРТОТ НА СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ „ТАЛИР“ МОЖЕ ДА ГО ОДЛОЖИ САМО „ЕЛЕМЕНТАРНА НЕПОГОДА“, НО ТОЈ И ДЕНЕСКА ДОНЕСЕ РЕШЕНИЕ СО КОЕ СУДЕЊЕТО ГО ОДЛОЖИ ЗА 12. СЛЕДНИОТ МЕСЕЦ

Иако уште пред две рочишта кажа дека судењето за предметот „Талир“ може да се одложи само во случај на „елементарна непогода“, сепак, судијата Осман Шабани, од скопскиот кривичен суд, и денеска го одложи судењето за нелегалното финансирање на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. И денеска, како и вчера на судењето за случајот наречен „Титаник“, судот констатираше дека обвинетиот Леко Ристовски е на лекување на Клиниката за дигестивна хирургија На денешното продолжение на судењето за „Талир“, штипскиот адвокат Донче Наков, на кусо го елаборираше поднесокот испратен до судот којшто се однесува на барањето за автентично толклување на Законот за СЈО. Имено, според Собранието, се уште не е започната процедура за толкување на законот, бидејќи Владата на РСМ сè уште го нема испратено своето мислење до Собранието. Наков рече дека ќе побара од Владата ургенција за потребното мислење. Во предметот „Талир“, за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, освен споменатиот Леко Ристовски, обвинети се и поранешниот премиер Никола Груевски, екс-генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и пратеникот Илија Димовски, но и самата паритја. Извесно време меѓу обвинетите беше и Елизабета Чингаровска, но таа ја призна вината и беше осудена на затворска казна во траење од две години, а којашто и се заменува за условна доколклу во наредните пет години не стори ново кривично дело. Со нелегално финансирање на сметката на ВМРО-ДПМНЕ биле обезбедени 283.432.656 денари или 4,6 милиони евра, а инвестициската вредност, односно за партиската централа биле обезбедени дополнители 424.733.242 денари или седум милиони евра.