Дете силувано минатиот месец, обвинителството дури сега со истрага

751

После повеќе од еден месец од денот кога дете било обљубено Обвинителствто со информација дека отвора кривична истрага и дека на силувачот му била изречена мерка притвор.
Освен оваа нејаснотија остануваат отворени и прашањата каде се случил овој настан и кој е осомничениот.
Од обвинителство велат дека истрагата ја иницирало битолското основно обвинителство и таа се однесува на кривичното дело: полов напад врз дете кое не наполнило 14 години и дека од судот било побарано на осомничениот да му се изрече мерка 30-дневен притвор. Оттаму и информација дека немилиот настан се случи на седми минатиот месец и дека силувач е близок роднина на жртвата.

Спонзорирано