Со сведочење на Михаил Младеновски и на Сашко Коцевски, настаните од 27. април 2017. година влегуваат во завршна фаза, бидејќи им се суди на организаторите на крвавите протести, а за кои одговараат екс претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и некогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, но тој, како и екс премиерот Никола Груевски е во бегство.
Сведокот Михаил Младеновски, како што пред една година, заедно со неговиот брат Стефан сведочеше дека упадот бил организиран, и денеска потврди дека се работи за сценари кое е дело на врхушката на ВМРО-ДПМНЕ.
Спред застапничката на обвинението, обвинителката Вилма Русковска, од сведочењето на Младеновски недвосмислено се потврдува дека протестите под мотото „За заедничка Македонија“, биле организирани од ВМРО-ДПМНЕ и дека УБК била директно инволвирана во случувањата, а од сведочењето на Коцевски и тоа дека не е пресудно што збор не му бил даден на пратеникот Зекирија Ибраими кој, подоцна ќе ја пее албанска химна.
На продолжението на овој судски процес на кој обвинетите се товарат за сторени кривични дела: терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, во својство на сведоци ќе се појават техничкиот премиер Оливер Спасовски и Антонио Кочков.
Русковска: Зад упадот во Собранието стои ВМРО-ДПМНЕ
Спонзорирано