ДА СИ КАЖАМ : Седум години од „Шпион“ – шпион со очи не видовме!

2522

 

Љубиша Станковиќ

Денеска се навршуваат точно седум години од, како што во таа 2013 година беше најавена, „спектакуларна“ акција во која беа приведени безмалку 20 лица, поради сомнеж дека соработувале со странски разузнавачки служби.
Денешниот ден го паметат само обвинетите во предметот кој беше наречен „Шпион“ и нивните најблиски. Ете, и јас паметам, но тој денеска никому ништо не значи. Случајот заврши како што заврши, но поарно ќе беше и да не започнеше. Всушност, тој е за некои е завршен, но за други и натаму е отворен, бидејќи борбата за вистината никогаш не завршува.
Случајот „Шпион“ и за мене претставува една голема нејаснотија….по неколку основи. Мене никако не ми е јасно како разузнавач или контраразузнавач може да биде осомничен за соработка со агенти на странски земји кога во Светот е воспоставена пракса (и тоа на многу повисоко ниво) на соработка на разузнавачките служби, се разбира доколку постојат некои „повисоки цели“. Следното што не го разбрав, а не го разбирам и сега е инволвираноста на луѓе кои баш и немаат многу нешто заедничко со работата на разузнавачите и контраразузнавачите. Тука, пред се, мислам на директори на фирми, на шефови на кабинети, на надри лекари. Никако не можам да разберам каква врска има лице кое лекува со камења и странска служба. Конечно, не ми е јасно како судот кај некои, а кај други не најде вина?

Можеби на овие прашања и ќе добиев одговори само доколку прашав, но тогаш судот даде „појаснувања“ за тоа како треба да се известува за постапката, со дополнение дека доколку некој новинар го премине „добриот вкус“ во известувањето може да се соочи и со кривичен прогон!
Колку што ме држи сеќавањето, некаде на почетокот на октомври 2014., односно кога судијата Ѓоко Ристов ја образложуваше одлуката на Судечкиот совет, со кој тој претседаваше, беше кажано дека во предметот имало „енормно голем број докази“?! Тој ќе каже дека еден од обвинетите, со писмо, им се обратил на лица од бугарската разузнавачка служба и дека првообвинетиот Марјан Ефремов соработувал со грчката, унгарската, српската и британската тајна служба, а имал контакти и со руската и со американската ЦИА.

Како Ефремов постигнувал да ги „нахрани“ со информации сите овие служби ќе остане непознато, но пред една година, еден од обвинетите, на кого му се судеше во одвоена постапка му беше изречена ослободителна пресуда. Шоканта пресуда, во односно на онаа со која 17 лица беа осудени на затворски казни во траење од 73 години. Шоканто е и тоа што лицето со години беше во екстрадицинен притвор, а притвор му беше изречен и по неговата депоратација во земјава. Немам намера да правам споредби на пресуди, но ако новиот министер за правда, Бојан Маричиќ, планира да врши ревизии на судски одлуки тогаш „Шпион“ е идеален за такво нешто!

Спонзорирано