Бизнисменот Кочан од 17 јули треба да издржува четиригодишна затворска казна

975

Бизнисменот Сеад Кочан на 17 јули треба да се јави на издржување на затворската казна за случајот на СЈО  „Труст“.

Упатниот акт, како што информираат од Кривичниот суд, веќе му е доставен на Кочан.

– Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како „Труст“, изготви  и достави упатен акт за еден од обвинетите кој со правосилна пресуда е осуден на ефективна казна затвор. Според упатниот акт, а согласно член 137 и 139 ст.3 од Законот за извршување снакции, осудениот е должен на 17.07.2019 да се јави на издржување на казната затвор во наведената казнено поправна установа, стои во денешното соопштение од Основен кривичен суд – Скопје.

Апелацискиот суд го проследи до Кривичниот суд предметот „Труст“ и преку АКМИС системот беше распределен на судија за извршување санкции за да му издаде упатен акт на бизнисменот.  Од Кривичниот суд информираа дека  Апелацискиот суд на првообвинетиот Кочан му ја намали казната на четири години, а за второобвинетиот  определи условна казна. За Авировиќ како управител на „Силекс неметали“ Апелациониот суд изрече две годишна условна казна доколку за време од пет години не стори кривично дело.

Спонзорирано