Скопското Основно јавно обвинителство издало наредба за отпочнување истрага за татко и син, за кривично дело: неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Имено, при претрес на домот на сега осомничените, на улица „Методија Митевски“, во Скопје, полицијата пронашла поголемо количе
ство оружје, муниција и делови за оружје во импровизирана работилница. Претрес бил извршен и во викендичката на осомничените, во скопскпото село Раштак, каде, исто така, било пронајдено оружје и муниција.
За таткото и синот, инаку на возраст од 73 односно 46 години, Јавен обвинител, освен барање за истрага, до судот поднел и предлог за определкување на мерка притвор, бидејќи проценил дека постои опасност тие да се дадат во бегство или, пак, да го повторат делото.
ТАТКО И СИН ОСОМНИЧЕНИ ДЕКА ИМАЛЕ ИМПРОВИЗИРАНА РАБОТИЛНИЦА ЗА ОРУЖЈЕ
Спонзорирано