Од жител на Синѓелиќ запленет хероин, кокаин, оружје и муниција

1168

Скопското јавно обвинителство Скопје води истрага за 27-годишен жител на селото Синѓелиќ, за кривични дела: неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за неовластено
изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Имено, при извршен претрес, во понеделникот, водомот на сега осомничениот, во гаража, во вградени специјални бункери во бетонскиот носач, бил пронајден хероин со тежина од 4.070 грама и уште 864 грама кокаин.

Осомничениот, заедно со дрогата, криел и една дигитална вага, а во бункерот биле
пронајдени и 235 куршуми, како и еден пиштол марка „HS“, со рамка и 16 куршуми калибар 9 мм, револвер „магнум“ и пиштол „Застава“, со шест куршуми.

Спонзорирано