За Христијан Мицкоски организатори на протестите од 27. април биле незадоволни граѓани

1340

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не се појави на минатото рочиште од судскиорт процес кој се води за организаторите на упадот во Собранието, на 27. април, но затоа денеска дојде и каже дека сакал да биде духовит.
Духовитоста на Мицкоски веројатно треба да е неговиот одговор дека тој не е во нарушени односи со обвинетите. Имено, намерата на Мицкоски била да внесе малку ведрина во судницата, иако тој за прв пат се јавува како во некој судски процес.
Според сведокот Мицкоски протестите, наречни „За заедничка Македонија“ биле организирани од граѓани, а на нив и тој понекогаш присуствувал. А токму за организирање на насилствата во Собранието обвинети се поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, екс-претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и поранешниот директор на сега веќе непосточеката УБК, Владимир Атанасовски. Споменатите се обвинети за сторено кривично дело: терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
За истото дело беше осоничен и Никола Груевски, но тој поради бегство во Унгарија не беше обвинет.

Спонзорирано