Татко и син обвинети за поседување на 65 стебла од марихуана

940

Кавадаречкото Јавно обвинителство поднесе обвинителен акт со кој татко и син, на возраст од 56 односно 33 години, се товарат дека сториле кривично дело: неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, а поседувале и оружје.
„Во планински предел, кај место викано ’Јаворица’, в близина на викенд куќа во сопственост на осомничените, нa 28 септември оваа година, овластени службени лица
пронајдоа 65 стебла од растението канабис сатива, со чија обработка се добива наркотичната дрога марихуана.

Осомничените, татко и син, неовластено заради продажба го произведувале растението, за што обезбедиле и опрема за наводнување и обработка на насадите. При претресот, пронајдено е и оружје кое еден од осомничените неовластено го држел и тоа осум патрони – 12 милиметри за ловечка пушка, 38 куршуми калибар 7,9 мм и затворач за пушка М-48 и ловечка пушка марка Црвена Застава Крагуевка со калибар 12мм“, се вели во соопштението лиферувано од Обвинителството. оттаму и потврда дека заедно со обвинението, јавниот обвинител, до судот доставил и предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата осомничени.

Спонзорирано