Коце Трајановски негира инволвираност на партијата и на обвинетите во случувањата од 27. април

1244

Поранешниот скопски градоначалник, Коце Трајановски, застана во целост зад обвинетите на кои им се суди за организирање на протестите од 27. април 2017. година.
Коце Трајановски, на денешното рочиште, посведочи дека како гадоначалник имал контакти со Миле Јанакиески и со Спиро Ристовски, но дека со нив не контактирал во време на протестите, бидејќи, според него, ниту партијата застанала зад случувањата од 27. април, ниту споменатите биле организатори.
Според Коце Трајановски, немирите од 27. биле спонтана реакција на граѓаните кои очекувале токму ВМРО-ДПМНЕ да биде таа партија која ќе ја составува новата Влада, бидејќи тие имале најмногу пратеници со изборите од декември 2016. година.
На денешното судење, освен Коце Трајановски и вештото лице, Мирослав Котевски, кој треба да говори за комуникацијата помеѓу Миле и Ристо со Аександар Васуилевски – Нинџа, требаше да сведочи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но тој не се пијави поради „приватни причини“.
За кривично дело: терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, освен спомеатите Јанакиевски и Ристовски, му се суди и на екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски.

Спонзорирано