Германски државјанин обвинет дека тепал вработен во рент-а-кар агенција

1139

Германски државјанин, нa 12. овој месец, на бензинска пумпа на автопатот Е-75, во близина на клучката кај Кадино, со умисла тешко телесно повредил едно лице. За германскиот државјанин, кој сега е обвинет за нанесување на тешка телесна повреда, се започнало кога тој и неговата вереница изнајмиле автомобил на аеродромот „Скопје“. Имено, тие го замолиле вработениот во рент а кар агенцијата да ги вози и да им помогне да ја пронајдат вилата во која требало да престојуваат. Откако му го кажале името на вилата, оштетениот застанал на бензинската пумпа и телефонски разговарал со вработените во вилата, кои му појасниле дека објектот е во населбата Пинтија. Во тој момент, без никаков повод или причина обвинетиот започнал со висок тон да му се обраќа на оштетениот на англиски јазик, му се доближил, му го одзел мобилниот телефон од раката и со него го удрил по лицето при што предизвикал скршеница на левата јаболчна коска, скршеница на левата орбита и на левиот горновиличен синус.
Инаку, со првичното судско репение на странецот му била изречена мерка куќен притвор, но сега Обвинителсдтвотро бара таа да му биде заменета за мерка притвор.

Спонзорирано