Скопјанец обвинет за две прегазувања во Трубарево

738

Големата брзина на движење, како и високиот процент на алкохол во крвта и во урината се единствените причини поради кои се случи сообраќајна несреќа во скопско Трубаревцо, са во која едно лице го загуби животот.
За несреќата која се слуичи на 11. октомври, оваа госиуна скопскпто Обвинителство поднесе обвинителен акт, за лице на возраст од 72 госини, за кривично дело: тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Според навоисите на диспозитивот на обвинението сега обвинетиот управувал автомобил „БМВ“, но тој бил во алкохолизирана состојба, односно имал 1,78 промили на алкохол во крвта и 2,43 промили алкохол во урина, а низ Трубарево се движел со брзина од 91 километар на час. Во еден момент тој ја изгубил контролата над управувачот и со десните тркала излегол десно надвор од коловозот, се качил на тротоарот, а со предниот дел од возилото удрил во задното тркало од мопед „Баутијан“, без регистарски таблички управуван од Идриз Ќеримовски. Од ударот, возачот на мопедот паднал на коловозот и поради здобиените тешки телесни повреди тој починал.
Обвинетиот продолжил, со автомобилот, да се движи во десно излегувајќи надвор од коловозот па со предниот дел од возилото во автобуското стојалиште на ‘ЈСП Скопје’ и во телото на оштетено дете Ваљтон Битики, кое како пешак стоело на автобуското стојалиште. Од ударот оштетеното дете здобило тешки телесни повреди, на кои им подлегнало во болница.
Но, и ова не било доволно возачот на автомобилот „БМВ“ да запре! Тој повторно продолжил да се движи по тротоарот, а во меѓувреме соборил дрвена бандера и сообраќаен знак, по што со возилото конечно запрело.

Спонзорирано