Обвинение за измама за разузнавач и полицаец

877

Скопското Основно јавно обвинителство, по комплетирање на кривична истрага, денеска до кривичниот суд поднесе обвинителен предлог против две лица за сторена измама.
Со цел за себе да прибават противправна имотна корист, обвинетите, како соизвршители, ( на возраст од 30 и 40 години), двајцата од Долно Свиларе, од кои едниот вработен во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) , а другиот униформиран полициски службеник во СВР Скопје, довеле во заблуда едно лице на кое лажно му прикажале факти за својот идентитет. Како што веќе пишувамве, обвинетите на седми овој месец стапиле во контакт со оштетениот на кого му се претставиле со лажни имиња, а потоа му прикажале лажни факти според кои против семејната фирма од Куманово во сопственост на член на семејството на оштетениот се води постапка од Одделението Интерпол при МВР Скопје. Тие му презентирале електронско досие во кое имало докази за наводно незаконско работење, противправно посредување во средување на визи за косовски државјани, нелегално пренесување и продажба на ПЦР тестови за Ковид-19 и други незаконитости во работењето на фирмата.
Оштетениот бил држен во заблуда и со тоа што му била покажана оригинална полициска легитимација, но и со кажаувања дека во Одделението за Интерпол во Скопје, наводно, биле вработени сопруга и братучед на еден од сега обвинетите. Од оштетениот биле побарани пари за да, наводно, се затвори предметот што се водел за фирмата.
На средба која се случила на осми овој месец, во ресторан во Визбегово, оштетениот на еден од обвинетите му исплатил 600 евра, кои претходно биле криминалистичко-технички обработени и фотографирани. По лишување од слобода, парите биле пронајдени кај обвинетиот.

Спонзорирано