Велешанец осомничен за силување

705

Судот во Велес му изрече мерка притвор во траење од 30 дена на лице, на возраст од 55 години, откако тоа претходно е осомничено дека сторило продолжено кривично дело силување.
Како што информираат од обвинителството сега осомничениот, во два наврата, со употреба на сила извршил обљуба врз 63 годишна жена од Велес. првото силување се случило во четвртокот, околу 22 часот, кога осомничениот, инаку сосед на жртвата, се префрлил преку оградниот ѕид од улицата, влегол во дворот од куќата, па откако оштетената ја отворила влезната врата, тој влегол внатре и употребувајќи сила го извршил кривичното дело. Веќе следниот ден, околу 11.30 часот, на ист начин, го повторил делото.

Спонзорирано