Екстрадиран и третообвинетиот за убиството на Никола Саздовски

1486

Јетон Љужа е веќе во затворот „Скопје“ и нему наскоро ќе му се суди за сторено кривично дело убиство

Јетон Љужа, третообвинет за убиството на Никола Саздовски, денеска е екстрадиран од Германија и веднаш е испратен во затворот „Скопје“, на издржување мерка притвор.
Екстрадицијата ја потврди и министерството за внатрешни работи со појаснување дека за Љужа, на барање на скопсјкото Јавно обвинителство, имаше распишана меѓународна потерница, откако тој беше осомничен за сторено кривично дело убиство.
„Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР презеде соодветни мерки и активности и со активна потрага по него, односно по негово лоцирање, разменети се информации со германската полиција, по што лицето беше приведено од германската полиција, а потоа и преземени соодветни мерки и активности за негово испорачување во Република Северна Македонија“, се вели во соопштението на МВР и се појаснува дека во изминативе 18 месеци, благодарение на добрата соработка со германската полиција, во таа земја биле приведени 50 лица по кои трагаат нашите институции и дека некои се веќе екстрадирани, а за други постапката е во тек.
Никола Саздовски, на 29 јуни 2018 година, беше брутално претепан од сега екстрадираниот Љужа и од Бесир Беља и Скендер Демири. Од задобиените повреди тој падна во кома од која и не излезе. За стореното Беља и Демири беа осудени на по 19 години затвор и само поради тоа што на денот на сторување на делото немаа 21 година избегнаа да бидат осудерни на азна доживотен затвор.

Спонзорирано