„Талир“ одложен, Наум Стоилковски задолжен да го оправда недоаѓањето!

1905

По дадената оставка на функција генерален секретар, што се случи пред само два дена, Игор Јанушев веќе нема да ја претставува ВМРО-ДПМНЕ во предметот „Талир“, иако партијата е обвинета за перење пари

 

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски има рок од три дена за доставување на медицинска документација со која ќе го оправда денешното недоаѓање на судењето за нелегалното финансирање на паријата, односно на процесот наречен „Талир“. Имено, судијата Осман Шабани, од скопскиот кривичен суд, му даде рок од три дена на Стоилковски, а потоа судењето го одложи за 21. следниот месец. Судот, исто така, констатираше дека Игор Јанушев, а по дадена оставка на функција генерален секретар, што се случи пред само два дена, веќе нема да ја претставува ВМРО-ДПМНЕ во предметот „Талир“. дотолку повеќе што партијата послужила за да се исперат пет милиони евра.

Во предметот „Талир“, освен бегалецот Никола Груевски, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиевски, Илија Димовски и Леко Ристоски. Сите тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари и други приноси од казниво дело. Обвинета беше и Елизабета Чингаровска, но таа пред да започе судењето одлучи да го признае делото и доби казна затвор во траење од две години кој и заменет за условна казна во траење од пет години.
За перење пари е обвинета е и партијата ВМРО-ДПМНЕ!
Обвинението што го поднесе СЈО на Груевски му става на товар дека меѓу 2009 и 2015 година, со злоупотреба на службената положба, спротивно на Законот за финансирање на политички партии и Законот за спречување на корупција, обезбедувал финансии од анонимни и противправни извори на финансирање за ВМРО-ДПМНЕ. Во неговите активности нему му помогнале Кирил Божиновски и Миле Јанакиевски кои, во насока на обезбедување на средства за извршување на кривичното дело, вршеле притисок на претставници на правни лица кои имале договори за јавни набавки со државни органи, а притисоци се вршеле и врз јавни претпријатија или единици на локална самоуправа. Средствата коиишто биле обезбедени Груевски не им ги враќал на оние од каде што парите доаѓале, односно не ги упатил во државниот Буџет и на тој начим, незаконски, за ВМРО-ДПМНЕ прибавил 283.432.656 денари, односно 4.608.661 евра.

Со намера да се прикрие дека средствата потекнуваат од кривичнодело, Груевски и Божиновски

меѓу 2011 и 2015 година, со Миле Јанакиевски и Чингароска, организирале уплата на средствата со готовински уплати во кои се внесувале невистинити податоци, односно дека уплатата ја вршат токму оние лица чии што имиња се наоѓаат на уплатниците.
Обвинетите Илија Димовски, Елизабета Чингароска, Леко Ристоски и Миле Јанакиески, како овластени потписници на сметката на политичката партија, иако знаеле дека парите потекнуваат од кривично дело ги пуштиле во оптек со потпишување на налози за плаќање на обврски и купување на недвижен имот за ВМРО-ДПМНЕ.

Спонзорирано