Притвор за пилепчанец за поседување дроги

    1126

    По поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство Прилеп, денеска е поведена постапка за жител на Прилеп, на возраст од 36 години, за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги.

    Имено, при извршен претрес во домот на осомничениот во Прилеп, вчера, биле пронајдени 36,4 грама марихуана, 0,31 грама мешавина од амфетамин и метамфетамин, 0,99 грама амфетамин и 5,77 грама метамфетамин.

    Јавен обвинител, до судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп, доставил предлог за определување мерка притвор, а предлогот за мерка притвот во траење од 30 дена, бил прифатен.

    Спонзорирано