Кавадаречкото Основно обвинителство отвори истрага за косовски државјанин, со престојувалиште во селото Росоман, за кривично дело силување.
Сега осомничениот, инаку вработен како овчар, на втори овој месец, во овоштарник, во атарот на селото Росоман, со употреба на сила извршил полово дејствие врз 17-годишно момче. Момчето, за да се одбрани, го удрило осомничениот со бокс, по што тој се тргнал и го напуштил местото.
Косовецот не им е достапен на органите на прогонот, но за него е изречена мерка притвор којашто ќе се активира во моментот кога тој ќе им биде достапен на правосудните органи.
Спонзорирано