Боки 13 во своја одбрана тврди дека „Рекет“ е конструиран за спас на Орце Камчев

784

Со давање одбрана на Бојан Јовановски алиас Боки 13 денеска продолжи судскиот процес наречен „Рекет“, во кој освен споменатиот кој се товари за примање награда за противзаконито влијание и за перење пари и други приноси од казнивво дело, обвинета е Катица јанева, поранешна шефица на Специјалното јавно обвинителство.
Јовановски одбраната ја темели на контраобвинувања упатени, главно, кон Орце Камчев, но тој не ги штеди ниту јавната обвинителка Вилма Русковска и екс-премиерот Зоран Заев, со лидерот на оозицијата Христиојан Мицкоски, но и веќе осудениот Зоран Милески викан „Кичеец“.
За разлика од споменатите Боки 13 денеска со поумерен тон кон Јанева за која кажа дека ја запознал кон стредината на септември 2018 година, кога од неа побарал да гостува на телевизијата којашто тој ја менаџираше. Обвинетиот даде и објаснувања како дошло до тоа синот на Јанева да се вработи во телевизијата која поврзува со скандалите. Јовановски цени дека случајот „Рекет“ е создаден со цел да се спаси Камчев од обвинувањата за криминалите кои стојат во предметот наречен „Империја“. Тој тврди дека е невозможно од Камчев да се земе 1,5 милиони евра, но затоа, пак, бара од Обвинителството да отвори постапка, „по допрен глас во јавноста“ за шпионажа, поврзувајчи го притоа Камчев со бугарските служби. Обвинетиот посведичи за неколку ситуации кои се однесуваат на приватниот живот на Орце Камчев, но според него крајната цел била дискредитирање на сега веќе непосточекото СЈО и на Јанева.
„Катица Јанева беше жртва на уцена“, ќе изјави Боки 13 и ќе појасни дека нрејзе и било кажано да си даде оставка. Според него, еден од „главните протагонисти“ е обвинителката Вилма, сегашна шефица на Основното јавно обвинителствто, за којашто кажа дека имал можност да ја запознае и приватно, но и тоа дека лично од Камчев му било соопштено дека, наводно, Русковска му сугерирала кого да го избере за негов бранител.
Јовановски ќе излезе со тврдење дека Зоран Милиески – Кичеец му ја вратил предметната торба на Камчев и дека тој воопшто не ја допрел истата, но дека тој имал средби и комтакти со тогашниот премиер и дека неговото признание на вина довело до тоа тој сега да е на слобода. Првообвинметиот ќе посведочи дека, наводно, лично од Заев, на почетокот на април минматата година, му било кажано дека него и Јанева ги следеле странски служби и обвинители.
„Додека преговараше со Заев тој преговараше и со Мицкоски. Тргува! Си прави пазар човекот…За да може да се ослободи, рече Боки 13 обвинивајќи го Орце Камчев за паралелни договарања со двете политички страни.
Судењето продолжува утре за кога е предвидено своја одбрана да даде и второобвинетата Јанева, која на минатото рочиште кажа дека повела постапка против Јовановски за нелегално снимање.

Спонзорирано