Русковска: Милионот од торбата „Луј Витон“ завршил во домот на родителите на Боки 13

1847

Торбата „Луј Витон“, во којашто Орце Камчев ставил милион евра и која можеше да се види на снимките од безбедносните камери во неговиот дом завршиле во домот на родителите на обвинетиот Бојан Јовановски. Вакво тврдење денеска, непосредно по завршување на денешното рочиште на судењето за предметот „рекет“, изнесе застапничката на обвинението, обвинителката Вилма Русковска.
Според Русковска безмалку се што денеска кажал Јовановски не било вистина, а дека торбата, за која тој тврди дека повторно завршила кај Камчев, во неговиот мобилен телефон има точна локација, време и фотографија која потврдува дека торбата завршила во домот на родителите на Боки 13.
Инаку, Русковска цени дека во овој има доволно докази кои ќе ги потврдат тезите на обвинителството и токму поради тоа не бил повикан Зоран Милески – Кичеец да сведочи за тоа каде завршиле парите. Обвинителката негираше дека од предмети од обвинителствтото со кое таа шефува протекуваат информации, но и тоа дека до нив никој не се пожалил дека му биле барани пари.

Спонзорирано