Поранешната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, преку својот правен застапник, скопската адвокатка Ирена Фрчкоска, доставила гаранции во недвижен имот, а за возврат таа очекува да и биде укината мерката притвор. Адвокатката Фрчкоска денеска потврди дека е поднесено барање за укинување на мерката притвор и дека најдоцна до петок, кога изминуваат првите 30 дена од притворот, да добијат позитивен одговор.
„Отпаднаа основите за определување мерка притвор и целта може да се постигне и со друга мерка. Не мора да се оди со најстрогата! Сметаме дека основите се отпаднати со самото нејзино разрешување од СЈО и од Основното јавно обвинителство – Гевгелија. Сето ова е наведено во предлогот и ќе видиме каква одлука ќе донесе Судот“, изјави Фрчкоска за државната агенција МИА.
Објаснувањето на Фрчкоска е во насока на одлуката којашто вчера ја донесе Советот на јавни обвинители кога го стави надвор од сила решението со кое на Јанева и мируваше местото во гевгелиското обвинителство. Ова подразбира дека Јанева не само што нема ништо со СЈО туку дека таа повеќе не е јавен обвинител и дека од тие причини за нема враќање ни во Гевгелија од каде и дојде на местото шеф на СЈО.
КАТИЦА ЈАНЕВА СО ГАРАНЦИИ ВО НЕДВИЖНОСТИ СЕ НАДЕВА НА УКИНУВАЊЕ НА ПРИТВОРОТ
Спонзорирано