Советот на јавни обвинители ги врати „специјалните“ на старите работни места

1139

Советот на јавни обвинители, денеска, а по одржана седница, констатираше дека престанува мандатот на јавните обвинителите од Специјалноти јавно обвинителство. Согласно донесениот заклучок Советот ги враќа во скопското Основно обвинителство јавните обвинители: Ленче Ристоска, Фатиме Фетаи, Гаврил Бубевски, Трајче Пеливанов и Артан Ајро. Имено, како што потврди претседателотот на Советот, Ацо Колевски, освен споменатите, на старите работни позиции, односнмо во обвинителството во Куманово се враќаат Љубомир Лапе и Бурим Рустеми, Елизабета Јосифовска во Кичево, Стевчо Донев во Кочани, а Лиле Стефанова во Радовиш. Иако Стефанова дојде од обвинителството за гонење на организиран криминсл и корупиција, сепак таа не ќе може да се врати таму, бидејќи мандатот и бил истечен, но останува да „виси“ и нејзиниот предмет наречен „Империја“.
Во првичниот тим на сега веќе осомничената Катица Јанева, освен споментите, беа и обвинителките Марија Ѓоргева од скопското и Лејла Кадриу од тетовското обвинителство, но нив, Јанева, без објаснување ги набрка од СЈО.
Преместувањето на обвинителите, односно нивно враќање во матичните обвинителства не мора да значи дека токму тие нема да работат на предметите на СЈо на кои и досега работеа. Ваква можност најави и државниот Јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Спонзорирано