Еден месец по пукањето во скопско Бојане издедена наредба за водење кривична истрага

    804

    Основното јавно обвинителство Скопје издало наредба за поведување кривична истражна постапка за едно лице поради сомнеж дека сторил кривични дела: предизвикување општа опасност и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
    Сега осомничениот, според обвинителството, на 14. минатиот месец, во скопското село Бојане, во близина на селскиот бунар каде биле собрани повеќе луѓе, најпрво започнал вербална и физичка расправија со едно лице. По ова, со полуавтоматски пиштол „застава М 57“, со калибар од 7,62 Х 25 милиметри, кој го поседувал без дозвола, испукал неколку проектили кон продавницата пред која седеле неговите соселани. Веднаш потоа, влегол во својот дом од каде излегол со автоматска пушка „застава М 70 Б1“ и пукал и од неа. Селаните го пријавиле во полиција, по што лицето било приведено, а оружјето му било одземено.
    Јавниот обвинител, до судија претходна постапка, доставил предлог за определување мерка притвор. Предлогот бил прифатен и на осомничениот му била изречена мерка притвор во траење од 30 дена.

    Спонзорирано