Обвинение за ќерката којашто ја задави мајка си

    780

    Скопското Основно јавно обвинителство поднесе обвинителен акт за ќерката којашто ја усмрти сопствената мајка. Обвинението се однрсува на кривично дело убиство, од член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
    „Обвинетата, 46-годишна жена, по расправија ноќта меѓу први и втори минатиот месец, при вршење семејно насилство, со насилно задушување ја лишила од живот сопствената 74-годишна мајка“, велат од обвинителството, притоа прикрибајќи о идентитетот на убиецот, а имајќи притоа в предвод дека се работи за лице кое е веќе обвинето.
    „Проценувајќи дека и натаму постојат околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетата ќе се даде во бегство или дека ќе влијае врз сведоци и ќе се обиде да ги уништи трагите од кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор“, се вели во кусото соопштение.

    Спонзорирано