-Многу е веројатно дека Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ќе го повика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да објасни како ги добил овие документи – изјавиле од ова Обвинителствот за телевизија „Телма“.
Според обвинителството, поседување изјави од предистрага и наредби од истрага е кривично дело бидејќи оној што ги дал тие документи не е свиркач туку прави кривично дело.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска, на прес-конференција, покажа папка и притоа посочи дека ги поседува сите искази што повиканите лица ги дале во Обвинителството за организиран криминал за случајот „Рекет“. Исказите, како што рече, ги добил од свиркачи.
-Свиркачи ги донесоа во ВМРО-ДПМНЕ исказите што се дадени кај обвинителката која го води предметот „Рекет, наредбите за вештачење и резултатите од вештачењето. Тука моето име го нема, но има имиња на луѓе од власта. Внимателно ќе го набљудуваме развојот на настаните и нема да правиме воајерски шоуа презентирајќи ги овие документи, сѐ додека гледаме дека постои барем минимална објективност во водењето на случајот. Првиот момент кога ќе видиме дека некој сака да ги штити лицата, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги даде сите овие документи на увид на јавноста – рече Мицкоски.
Тој рече дека нема да го тужи премиерот Зоран Заев затоа што неколку часа претходно изјави дека „Рекет“ може да води до Мицкоски. Заев појасно подоцна дека рекол така затоа што Мицкоски претходно рекол дека „Рекет“ води до Заев.
Русковска ќе го повика Мицковски на распит заради „свиркачот“
Спонзорирано