СЈО е подговено да му ги даде преметите на републичкото Јавно обвинителство

    384

    Специјалното јавно обвинителство и денеска, официјално се произнесе по прашање на предметите во кои тие постапуваа. Од СЈО велат дека тие се подготвени да му ги достават сите предмети на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
    „Ја известуваме јавноста дека од страна на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија доставен е допис во кој е наведено дека согласно член 6, став 5 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, неопходно е ова Обвинителството да преземе дејствија за предавање на предметите во Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Постапувајќи по дописот, до Јавното обвинителство на РС Македонија доставено е известување дека Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите е подготвено веднаш да ги предаде предметите по кои постапува со сите списи и докази“, се вели во дописот на СЈО и притоа се наведува дека за други детали, поврзани со примопредавањето, ќе има дополнителни извесувања.