Закажано судењето на Владимир Панчевски за злоупотребите на системот АКМИС

    3200

    Според пишувањето на порталот „Дума“, судот во Велес го закажал стартот на судскиот процес против поранешниот судија на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, за 21. следниот месец. Панчевски е обвинет за злоупотреби на системот АКМИС, односно дека во времето кога тој јс извршувал функцијата претседател на скопскиот кривичен суд, во повеќе наврати, им делел на судиите предмети на рака, односно дека го „прескокнувал“ системот АКМИС. Владимир Панчевски, кој веќе два месеца се води како суспендиран од работното место, се товари дека им ги повредил правата на некои граѓани во неколку предмети, но и во предмети кои се од сферата на оранизираниот криминал. Всушност, тој се товари за злоупотреба на службена положба и овластување по член 353 став 2 и став 1 од Кривичниот законик. Согласно законот на обвинетит му е запретена казна од најмалку шест месеци до пет години.
    Инаку, според сознанија на „Правосудство“ за Панчевски се водат постапки и за други, потешки кривични дела.
    Неодамна за него објавивме дека уште како малолетник извршил повеќе провални кражби по станови, а претепал и неколку жени. Тој не ги негираше делата, но никој од поранешната власт не кажа како можело тој да биде избран за судија, бидејќи минува низ кривична евиденција.