Жител на скопското село Марино е осомничен за недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи, односно дека незаконски поседувал огнено оруже и муниција.
Осомничениот, според обвинитњлството, во својот дом, во селото Марино, неовластено држел полуавтоматски пиштол со калибар од 7,65 милиметри со две рамки, 10 куршуми со истиот калибар, ловџиска пушка со калибар 12 мм, полуавтоматски пиштол со калибар 7,62 Х 25мм, 18 куршуми муниција за пиштолот, 89 патрони и пневматска пушка без ознака и број и од неутврдено потекло. Оружјето и муницијата биле пронајдени вчера при претрес на домот на осомничениот.
Спонзорирано