Поднесено обвинение за дрски тешки кражби

    398

    Скопјанец, на возраст од 40 години, е обвинет за неколку тешки кражби, односно дека минатиот и овој месец сторил повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Сторителот искористил исти прилики и околности и на дрзок начин одземал туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои. Тој, движејќи се со велосипед, им се приближувал на оштетените и додека се разминувал со нив, од вратот им ги кинел златните синџирчиња.
    Заедно со обвинението, до судот е доставен и предлог за продолжување на мерката притвор.

    Спонзорирано