Обвинителството за организиран криминал до денеска не добило информација од Судскиот совет во врска со барањето за одземање на имунитетот на судијата од Управниот суд за да му биде определен притвор. Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција информира дека во врска со предметот во кој е осомничен судија на Управен суд за кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, надлежен јавен обвинител ценејќи дека постојат оправдани околности, веднаш по донесената одлука од страна на Судскиот совет со која не се одобри изрекување на мерка притвор за осомничениот, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување на мерка на претпазливост, односно забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, согласно член 146 став 1 точка 7 од Законот за кривична постапка. Надлежниот јавен обвинител имајќи го предвид фактот дека осомничениот како судија во судот каде основано постои сомнение дека го сторил кривичното дело поврзано со неговата функција, како и тоа дека истрагата е започната и се прибираат докази, меѓу кои и докази што се наоѓаат во судот, на 4 мај до судијата на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Предлог за определување на мерка на претпазливост. Предлогот е како резултат на постоење на реално стравување дека осомничениот со своето присуство и вршењето на функцијата би можел да прикрива докази, односно да ги изменува со што ќе го попречи водењето на кривичната постапка со цел да избегне кривична одговорност. До денес, Обвинителството нема информација за ставот на Судскиот совет, велат од Обвинителството од организиран криминал.
СУДСКИ СОВЕТ СЕ УШТЕ НИШТО НЕ СООПШТУВА ЗА СУДИЈАТА ОД УПРАВЕН СУД
Спонзорирано