Кривична пријава за пуштање „бомби“ на собир на „Бојкотирам“ во Прилеп

521

Kривична пријава за „неовластено прислушување и тонско снимање“ e поднесена против бизнисменот Љупчо Палевски и уште три лица, кои на 4 април, за време на изборната кампања,  на собир во Прилеп на разглас пуштиле неколку нелегално прислушувани разговори. Во разговорите се слушнале гласови на актуелни и пранешни функционери.

Освен против Љ.П. (55) од Тетпви, кривичната пријава е и против Г.Н. (49) од Прилеп, Т.М. (44) од Битола и Г.Т. (51)  исто од Прилеп.

Според пријавата, на 4 април годинава околу 19,00 часот во Прилеп на ул. “Мице Козар“ се одржал ненајавен протестен собир организиран од страна на движењето “Бојкотирам“ од Скопје. Првопријавениот одржал говор каде во еден момент побарал од второпријавениот Г.Н. да пушти на лап- топ, кој бил приклучен на озвучување, тонска снимка од разговор помеѓу две лица, најверојатно телефонски, за која постои основа на сомнение дека е неовластено тонски снимана.

Втората аудио снимка, од страна на првопријавениот е пуштена последователно на ист начин. Предметните тонски снимки се пуштени за преслушување за присутните учесници на собирот, како и за лицата кои преку “Фејбук“, во живо го следеле настанот кој бил пренесуван од второ, трето и четврто пријавените преку нивните мобилни телефони.

Следниот ден, Љ.П., Г.Н. и Т.М. се задржани во полициска станица во Прилеп. Со наредби за претрес од Основниот суд во Прилеп, кај Г.Н., Т.М. и Г.Т. извршени се претреси во нивните домови, а за првопријавениот – извршен е претрес на неговото возило што сам го донел во кругот на станицата. Одземените предмети (нивните мобилни телефони, мемориски картички, УСБ стикови и друга електронска и компјутерска опрема) се доставени за вештачење во МВР: Истовремено, од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при БЈБ на МВР доствен е прилог ДВД со документирани профили на социјалната мрежа Фејсбук, соопштија од МВР.

 

Спонзорирано