ГРУЕВСКИ ПОВИКУВАЛ НА ПРОТЕСТИ, РИСТОВСКИ И ЈАНАКИЕСКИ ГО КООРДИНИРАЛЕ ЧЛЕНСТВОТО

1040

На заедничка прес-конференција Jавниот обвинител на РСМ, Љубомир Јовески и шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, главно, ги потврдија информациите кои се однесуваат на вчерашните случувања, кога беа приведени поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски и екс-министрите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, поради сомнеж дека биле дел од организаторите за случувањата на „крвавиот четврток“.
Јовески и Рускоска рекоа ќе ја почитуваат презумпцијата на невиност и дека ќе се држат до доказите, со што отфрлија секаква можност евентуално идно проширување на истрагата да почива исклучиво на исказ на само еден осомничен или обвинет.

„Осомничениот Н.Г, тогаш претседател на политичка партија, заедно со уште двајца осомничени, ги повикал преку медиум граѓаните на протести и заедно со С.Р и М.Ј ја ставиле во функција целата партиска структура на политичката партија и нејзините материјални средства. Цело време течела координација помеѓу нив и градските, месните и општинските комитети и изборните единици, при што се давале насоки и се повикувало членството на масовни протести, а исто така и критичниот ден за масовност и влегување внатре во Собранието“, рече обвинителката Русковска и изрази оптимизам во поглед на новото барање до грчките надлежни органи. Таа верува дека е можна екстрадиција на Никола Бошковски, бидејќи тој не беше помилувсн за делото за кое сега се сомничи.
„И јас мислам дека, доколку не беа отворени вратите ќе немаше насилство во Собранието“, рече обвинителкатс Вилма Русковска.
Говорејќи за конкретниот случај Јавниот обвинител, Љубомир Јовески, рече дека се работи за исклучително сложена постапка и дека за документирање на доказите е потребно значително време, пред се за вештачење на одредени телефони и содржината на записите.

Спонзорирано