Средба Дескоска – Прибе за реформската агенда

1034

Министерката за правда Рената Дескоска денеска имаше средба со германскиот експерт за владеење на правото Рајнхард Прибе, на која во фокусот на разговорите била реформската агенда за правосудството на Министерството и усогласувањето на домашната регулатива со европските стандарди.

Како што соопшти Министерството за правда, Дескоска информирала за законите кои се во собраниска процедура, за законите кои се испратени до Венецијанската комисија, како и законите кои наскоро ќе бидат пуштени во собраниска процедура.

– За време на средбата, министерката за правда истакна дека на реформската агенда не гледа како на исполнување на формални услови за отпочнување на преговорите за членство на државата во Европската унија, туку дека мотивацијата за исполнувањето на обврските на Република Северна Македонија ја црпи од реалната потреба на граѓаните на нејзината држава и заштитата на човековите права, стои во соопштението од Министерството за правда

Спонзорирано