И покрај тоа што, вчера, јавно потврди дека не поднел барање за одложување на стартот на затворската казна, односно дека веќе од денеска ќе почне со издржување, Зоран Милески – Кичеец, сепак, побара од скопскиот суд да му се одложи почетокот.
Од кривичниот суд потврдуваат дека Милески, по прием на упатниот акт, го информирал судот дека ја променил адресата, односно дека повеќе не живее во Сјкопјер, туку во Охрид, па оттука неговото упатување ќе зависи од тамошниот суд. Инаку, скопскиот кривичен суд предметот на Милески веќе го испратил до судот во Охрид.
Зоран Милењски – Кичеец, непосредно инволвиран во аферата наречрна „Рекет“ и близок пријател и соработник на Орце Камчев беше обвинет за: примање награда за противзаконско влијание.
Во предметот „Рекет“, освен Милески беа обвинети и Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева, екс – шефица на Специјално јавно обвинителство, но за разлика од нив тој го призна сторувањето на делото за кое се товареше и беше осуден на затворска казна во траење од три години, но речеси половина од казната тој ја мина во притвор и во куќен притвор, а што се засмерува во казната.
(Фото: СДК)